Мане ќе го напушти Ливерпул за помалку од 50 милиони евра!?

2 mins read

Сенегалецот има уште една година од договорот со Ливерпул и досегашните разговори за продолжување на соработката не се покажаа како добри.

Баерн Минхен е уверен дека може да го ангажира Садио Мане за помалку од 50 милиони евра (42,5 милиони фунти) ова лето, според „Скај Германија“.

Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ, го направи Мане главен приоритет на неговата трансфер листа и се сретна со неговите претставници овој месец за да го официјализира интересот.

ПСЖ исто така беше поврзуван со Мане, но продолжувањето на договорот на Килијан Мбапе и евентуалното заминување на Леонардо како спортски директор значи дека клубот најверојатно нема да има финансиска слобода да постигне договор.

Мане рече дека ќе открие каде е неговата иднина по финалето на Лигата на шампионите во сабота, а претходно уште една ѕвезда во клубот од „Енфилд“, Мохамед Салах најави дека ќе остане уште една сезона во дресот на „црвените“.

– Искрено, мислам дека одговорот што можам да ви го дадам сега е дека се чувствувам многу добро, и целосно сум фокусиран на натпреварот во сабота. По финалето во ЛШ ќе ви го дадам најдобриот одговор што сакате да го слушнете, сигурно. Тогаш ќе ви кажам сè што сакате да слушнете. Го сакам тоа што го работам и постојано работам напорно, секој ден на теренот и во теретана и станувам сè подобар и подобар. Се трудам со сиот труд да му помогнам на тимот – вели Сане.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Буши: МВР преку владината програма К5 даде решенија за уште 49 административни службеници

Следно

Авторката на есејот „Како да го убиеш својот сопруг“ е осудена за убиство на својот сопруг

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Каков дебакл – во истиот ден кога Каевски се фалеше дека го заштитиле идентитетот, демантот стигна од Бугарија, Македонија прифатила дека Самоил е бугарски цар, а Климент и Наум твореле во бугарска држава

Кој го намести младиот олигарх Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден

MacedonianEnglishAlbanian