Македонскиот репрезентативец Пешевски е нов играч на Е. Пелистер

1 min read

РК Е. Пелистер е посилен за уште еден репрезентативец на Македонија. Од сезоната 2022/23 дресот на битолскиот клуб ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски (31).

Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата.

Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона. Во својата кариера настапуваше и за екипите на Металург и Мотор Запорожје од Украина.

Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција.

Тоа е шесто ново име во Е. Пелистер за сезоната 2022/23. Претходно вицешампионот ги ангажираше словенечкиот голман Урбан Лесјак, тунискиот десен бек Усама Хосни, португалскиот среден бек Вилсон Дејвис, францускиот лев бек Руди Сери и рускиот пивот Дмитри Васиљев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во војната во Украина досега убиени над 4.000 цивили

Следно

Се топи и „скока“ во уста: Беспрекорен рецепт за италијанскиот специјалитет салтимбока!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian