Крстевски од Вардар направи трансфер во РК Бутел

1 min read

Организаторот на играта Стефан Крстевски (23) е нов ракометар на Бутел Скопје, откако потпиша договор на една сезона.

Средниот бек досега ги бранеше боите на македонскиот шампионот Вардар, со кој вчера ја освои титулата во Суперлигата.

– Мојата одлука да се преселам во тимот на Бутел Скопје беше исклучително лесна. Гледам голем простор за мојот напредок како играч во овој амбициозен клуб. Со повеќето играчи сум играл во минатото и мислам дека токму тие ќе бидат од голема помош во моето вклопување и адаптација во тимот. Бутел има големи амбиции и очекувам уште една успешна сезона, како во македонските конкуренции, така и на меѓународна сцена – рече Крстевски.

Потекнува од Преспа Ресен, каде што играше до 2014 година, потоа беше член на Вардар две сезони.

Крстевски настапуваше и за Вардар Јуниор до 2020, една сезона играше и за Работнички, пред да се врати во Вардар, со кој играше и во Лигата на шампионите.

Вардар 1961 неодамна го ангажираше црногорскиот плејмејкер Божо Анѓелиќ, а на позицијата централен бек во редовите на првакот се и Мартин Карапалевски и Анте Гаџа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неколку сообраќајни несреќи низ цела Македонија

Следно

По 40 години повторно заедно: Членовите на групата „АББА“ се појавија пред фановите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian