Крастев: Не треба да се плашиме од Македонија, сакаме да ја вратиме славата на Бугарија

1 min read

На 2 јуни во Разград македонската А репрезентација против Бугарија ќе го игра првиот натпревар од Лигата „Ц“ во рамките од УЕФА Лигата на нации.

Нашите најдобри фудбалери веќе ги започнаа подготовките во Скопје, а во следните денови се очекува да се комплетира составот на кој смета селекторот Благоја Милевски.

Пред две недели и бугарскиот селектор Јасен Петров го објави списокот на фудбалери, меѓу нив е и членот на Левски Филип Крастев кој ги сподели очекувањата во пресрет на репрезентативните обврски.

– Мислам дека имаме сила за претстојните репрезентативни натпревари. Ние не сме репрезентација што треба да се плаши од селекциите на такви земји. Во последните години ни е тешко и не успеваме да победиме, но сега се надевам дека тоа ќе се смени и ќе ја вратиме славата на Бугарија која ја заслужуваме – вели Крастев.

Последен пат Бугарија славеше во рамките од квалификациите за СП дома против Северна Ирска во Софија со 2:1 на 12 октомври 2021 година. На последните четири средби има учинок од три порази (Швајцарија 0:4, Катар 1:2 и Хрватска 1:2), и реми со Украина во Одеса (1:1).

Македонија и Бугарија никогаш не се сретнале во официјален натпревар, сите досегашни меѓусебни средби биле пријателски:

12 април 1995 година Македонија – Бугарија 0:0
28 мај 1996 година Бугарија – Македонија 3:0
25 март 1998 година Македонија – Бугарија 1:0
15 август 2001 година Бугарија – Македонија 1:0
1 март 2006 година Македонија – Бугарија 0:1
14 август 2013 година Македонија – Бугарија 2:0
29 март 2016 година Македонија – Бугарија 0:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Земјотрес во земјава – почувствуван и во Скопје

Следно

Колегите и пријателите се простуваат од големиот Реј Лиота

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian