Кога трудниците не смеат да летаат со авион?

1 min read

Доколку сте во блажена состојба, летањето со авион веројатно не е пожелно сценарио за вас, па токму затоа се поставува прашањето – дали летот е безбеден за трудниците?

До 36-та недела од бременоста, патувањето со авион се смета за безбеден вид на патување, наведува Националната и здравствена служба на Велика Британија. Меѓутоа, ако сте во 37-та недела од бременоста, многу авио-превозници нема да ви дозволат да летате со нив.

Причината за тоа е можноста за породување која е поголема по наведениот термин. Секој авио-превозник има своја политика на летање, па е потребно да ги проверите правилата со авио-компанијата чии услуги сакате да ги користите.

На пример, Ryanair“ и British Airways“ наведуваат дека не примаат трудници над 36 недела бременост, додека Easy Jet“ не им дозволува на трудниците летање по крајот на 35-та недела.

Ако бременоста е тешка или сте во опасност од компликацијата, би требало да поразговарате за патувањето со својот избран доктор пред воопшто да тргнете.

Исто така потребно е да се информирате и за вашето патничко осигурување, бидејќи повеќето осигурителни компании во нашата земја по седмиот месец од бременоста воопшто не издаваат полиси за осигурување.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фудбалер на Реал ја менува сопругата за трофејот во ЛШ, веднаш доби одговор

Следно

Рускиот патријарх Кирил го поздрави „повторното обединување на СПЦ и МПЦ-ОА“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian