Каде е бебето? Трудница покажа колкав е нејзиниот стомак пред породувањето, луѓето во неверување

3 mins read

Американка, мајка на три деца, ги шокираше сите со својот труднички стомак пред породувањето. И додека многумина и завидуваат, некои девојки велат дека имаат ист стомак како неа – но кога ќе испијат чаша вода.

„Мојот труднички стомак беше толку иневообичаен што можев да го сокријам од сите“, вели мајката на трите деца која го сподели своето трудничко патување.

Оваа Американка имала речиси незабележителен стомак во осмиот месец од бременоста. Мајката на ТикТок откри дека бременоста можела да ја сокрие од сите, оставајќи ги пријателите во шок со големината на стомакот.

Во видеото кое го објавила на својот профил „The Harris Family“, таа ја раскажа својата приказна.

@the.harris.familyy The human body can do amazing things! Where was that baby hiding 🤯 #pregnancy #pregnant #pregnancyjourney #pregnancyupdate #bumpdate #postpartum #birthannouncement #birth #laboranddelivery #newborn #viral #storytime #nobabybump #hiddenpregnancy #fy #fyp ♬ chicken tikka – hannah

„Дали некогаш сте познавале некој кој ја криел бременоста?“, запраша таа.

Мајката потоа сподели снимки од својата фигура за време на бременоста. Иако е вообичаено стомакот да не се забележува во првото тромесечие, мајката продолжила да има исклучиво мал стомак дури и во второто и третото тромесечие, се до породувањето.

Непосредно пред породувањето таа го фотографираше својот стомак и многумина ги остави во шок кога видоа колку тој е мал. Откри дека причината зошто нејзиниот стомак изгледа така мало е фактот дека бебето било сместено повеќе кон грбот.

@the.harris.familyy How I wanted to look pregnant vs how I actually looked 🤦‍♀️ featuring these beautiful mamas @Matt & Abby @Savannah LaBrant @alliah & family 🤍 @Jessilyn 🤍 @Skye Hitchcock @Allisyn @Shahnta Hoare #momsoftiktok #mom #postpartum #pregnancy #pregnancyjourney #bumpdate #nobabybump #hiddenpregnancy #fy #fyp ♬ september on crack ft. a recorder (Earth, Wind & Fire – September) – frickin weeb

Во второто видео, мајката открива дека нејзиниот мал стомак ги ставил во неверување дури и докторите, кои често се прашувале дали таа го закажала вистинскиот термин. Но, таа тврди дека многу нешта тука се поврзани со генетиката, бидејќи и нејзината мајка исто така немала голем стомак кога била бремена со неа.

Тие што го погледнаа видеото останаа вчудоневидени, а некои се прашуваа каде всушност е бебето.

„Како бебето се сместило тука?“, запраша еден од корисниците.
„Јас изгледам вака кога ќе се напијам една чаша вода“, напиша друг.
„Твојата последна слика сум јас кога не сум бремена“, се пошегува трета корисничка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Црвена звезда поведе во АБА финалето против Партизан

Следно

ВМРО-ДПМНЕ уценува со барањето за лидерска средба, вели потпретседателот на СДСМ, Костадинов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian