Утревечер ќе биде спуштена завесата во европскиот фудбал со одигрување на финалето во Лигата на шампионите во кое ќе се сретнат Реал Мадрид и Ливерпул. И двете екипи имаат шанса сезоната да ја завршат со три трофеи, Ливерпул досега победи во ФА Купот и Лига Купот, додека Реал Мадрид ја освои титулата во Ла Лига и победи во шпанскиот Суперкуп.
Фудбалерите на двете екипи се сконцентрирани само на победата, а за тоа колку триумфот им е важен за играчите, најдобро покажува изјавата на уругвајскиот репрезентативец Федерико Валверде, со која ја насмеа шпанската и европската јавност.
– Ова е единствениот трофеј по кој копнее секој фудбалер на светот. Подготвен сум да жртвувам сè за да дојдам до трофејот, па дури и сопругата, освен мојот син – изјави Валверде.
Фудбалерот на Реал не чекаше долго време на одговор од сопругата, новинарката Мина Бонино која слична желба.
– И јас би го жртвувала него за уште една титула на Ривер Плата во Копа Либертадорес – му одговори Мина Бонино на својот сопруг.