Фотографијата која беше објавена пред неколку години на социјалните мрежи, на која на прв поглед се гледа толпа луѓе која се забавува на концерт, повторно се прошири на интернет и одново збуни илјадници луѓе.
На прв поглед многумина мислат дека станува збор за публика и бина, односно некој концерт, а не на поле со памук и машини.
Фотографијата ја направил Мичах Хорн, фотограф од Тексас кој ги сликал машините за собирање памук, но тогаш не очекувал дека неговата фотографија ќе стане вирална и прогласена за најдобра оптична илузија на годината.
cotton picker at night looks like a huge concert crowd pic.twitter.com/qS5hFiMmdn
— pareidolia moments (@pareidolia_bot) January 2, 2022
Повеќето луѓе на фотографијата прво ја гледаат толпата луѓе на концертот, но луѓето не се луѓе, туку всушност тоа е памук, а светлата и бината, всушност се машина за собирање на памукот.
„Ми беше потребно некое време да сфатам“, „Се уште гледам ситни луѓе“, „Прво помислив дека ова е концерт“, се само некои од бројните коментари