ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

1 min read

Европската унија одлучи да купи вакцини и антивирусни таблети за борба против мајмунски сипаници, вирус кој е ендемичен во Африка и вообичаено редок на други места, изјави денеска координаторот за вакцини во Шведска, Ричард Бергстром.

„По неколку состаноци, беше одлучено да ги купиме вакцината и антивирусни табети“, изјави координаторот.

Како што е најавено, ЕУ ќе купува вакцини „Имванек“ од Баваријан Нордик и антивирусни таблети „Тековиримат“ од Сига Технолоџис.

Бергстром изјави дека ЕУ се уште нема потпишано договор со ниту една компанија.

„Но, ќе го направиме тоа наскоро.Треба да имаме готов договор за една недела, а можеби и ограничени испораки во јуни“, рече тој.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Се снима турска серија во Скопје: Македонка се вљубува во „забранет“ маж

Следно

Почина мајката на Алек Болдвин: Таа живееше живот на борец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian