Целосно се затвора сообраќајниот влез во Битола од Ресен до понеделник

1 min read

Од утрово во 7 часот и во наредните три денови до понеделник, во целост ќе биде затворен западниот сообраќаен влез во Битола, односно од Ресен и Охрид.

Од Општина Битола соопштија дека затворањето на сообраќајот е заради реализација на завршната фаза од проектот за реконструкција на коловоз на улицата „Довлеџик” и токму затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата над градот, односно за доаѓање во Битола ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп.

Според динамиката за реализација на договорот за реконструкција на сообраќајницата, од денеска, 27 мај, потоа на 28 и 29 мај, ќе се врши асфалтирање на улицата „Довлеџик”  до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот утрово, се до 08.00 часот во понеделник, 30 мај.

Во деновите додека трае асфалтирањето на улицата, сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата за што се поставени сообраќајни знаци, информира Општина Битола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 27 мај: Фокусирајте го вашето внимание на блиска личност

Следно

Зимбабве ја подига границата за согласност за сексуален однос на 18 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian