Буши: МВР преку владината програма К5 даде решенија за уште 49 административни службеници

1 min read

Заменик Министерот за Внатрешни Работи, Назим Буши преку објава на својата официјална фејсбук страница денеска ја информираше јавноста дека се поделени уште 49 работни решенија на административните службеници вработени преку владината К5 програма.

Во духот на Охридскиот Рамковен Договор, правичната и соодветната застапеност е наш приоритет во Министерството за Внатрешни Работи, затоа завршува со успех доделувањето на работните решенија за административните службеници вработени преку програмата К5 во Министерството за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците.

„Исто така, горд сум на тоа што денес во текот на денот доделени се решенија за 49 административни службеници, а во најкус можен рок нив ќе им се придружат и други административни службеници на кои исто така ќе им бидат доделени работни решенија на неопределено време. Иако процесот на филтрација за распоредување на административните службеници е комплексно, овие административни службеници, во најбрз можен временски  период ќе започнат со работа во МВР, на однапред определените работни места предвидени според нивото на нивното соодветно образование во високи позиции во министерството„, напишал Буши.

Претходно

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје следната среда организира крводарителска акција

Следно

Мане ќе го напушти Ливерпул за помалку од 50 милиони евра!?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian