Бугарите имаат уплав од македонизмот, вели Зоран Иванов

1 min read

Бугариja нема да ги смени своите ставови во врска со Македонија и тие не се од вчера, туку се од пред 70 години – тие се историски, од 1944 година, рече новинарот Зоран Иванов вечерва во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

„Целото општество во Бугарија е инфицирано од антимакедонизам. Преговорите де факто се прекинати, ние веќе не преговараме. Групите кои се формирани се непродуктивни“, вели Иванов.

Тој оцени дека Бугарите имаат „уплав од македонизам“.

„Тој македонизам се појави со формирањето на државата. Ако Македонија влезе во ЕУ, тогаш самите Бугари кои се чувствуваат како Македонци може да го сменат својот став. И пасошите паднаа во вода со пописот, рече Иванов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фотографијата која е прогласена за оптичка илузија на годината

Следно

Соборот на Украинската православна црква прогласи целосна независност

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian