Бајрами: Да, разговаравме, останувам тренер на Македонија ЃП

1 min read

Македонија Ѓорче Петров успеа да го освои фудбалскиот Куп на Македонија откако по пеналите беше подобар од Силекс со 4:3 на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Тренерот на ѓорчепетровци, Муарем Бајрами им честиташе на своите играчи кои имаа одлична сезона. „Лавовите“ од Ѓорче Петров ќе ја претставуваат нашата земја во квалификациите на Лигата на конференции.

Бајрами потврди дека сигурно останува и следната натпреварувачка сезона како шеф на стручниот штаб.

– Да, секако дека разговаравме за продолжување на соработката и сигурно дека останувам во клубот. Секако дека сме задоволни од настапите. Имавме одлична сезона, а освојувањето на Купот беше круна на успехот, затоа најзаслужни се моите играчи.

Сигурно дека со неколку засилувања овој тим има квалитет и простор за напредување, тоа се и нашите амбиции да гледаме повторно една силна Македонија Ѓорче Петров – ни изјави Бајрами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уставниот суд на БиХ укина дел од одлуките на Народното собрание на Република Српска

Следно

Амбер Херд: Лесно е да се заборави дека сум човек

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian