Авторката на есејот „Како да го убиеш својот сопруг“ е осудена за убиство на својот сопруг

2 mins read

Авторката на есејот „Како да го убиете својот сопруг“, Ненси Крамптон-Брофи е прогласена за виновна за убиство од втор степен. Дванаесетте поротници донеле пресуда дека Ненси го убила својот сопруг Даниел Брофи на 2 јуни 2018 година. На поротата ѝ биле потребни осум часа за да ја донесат одлука, пренесуваат странските медиуми.

Обвинителите истакнаа дека писателката го убила нејзиниот сопруг со намера да ја наследи неговата полиса за животно осигурување од 1,4 милиони долари. 71-годишната Ненси ги отфрли обвинувањата и рече дека се нашла на снимката од местото на убиството додека барала инспирација за претстојниот роман, а потоа рече дека „не се сеќава дека била таму“.

Жената која го напишала есејот „Како да го убиеш својот сопруг“ е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг

За пиштолот, со кој се верува дека го убила Даниел ѝ бил купен неколку месеци пред неговата смрт, Ненси тврди дека бил наменет само за истражувања кои ѝ биле потребни за романот. Таа ги негираше и наводите дека осигурувањето било мотив за убиството.

Да потсетиме, Даниел беше пронајден мртов во кујната на Кулинарскиот институт во Портланд, САД со прострелна рана во грбот и уште една во градите. Неговата сопруга ја сподели веста за неговата смрт на социјалната мрежа „Фејсбук“ еден ден подоцна.

„Имам тажна вест. Мојот сопруг и најдобар пријател, готвачот Ден Брофи беше убиен вчера наутро. За оние од вас кои ми се блиски и мислите дека ова заслужува телефонски повик, имате право, но во моментов се трудам да разберам сè“, во тоа време напишала Ненси.

Ненси Крамптон-Брофи е автор на љубовни романи, а во 2011 година го објавила споменатиот есеј во кој детално се опишуваат различните мотиви и начини на убиство на сопружникот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мане ќе го напушти Ливерпул за помалку од 50 милиони евра!?

Следно

Револтиран скопјанец му остави 20 денари и порака на возач кој несоодветно паркирал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian