Амбер Херд: Лесно е да се заборави дека сум човек

2 mins read

Амбер Херд вели дека се чувствувала понижено и дека се соочувала со стотици дневни смртни закани откако сведочела на судењето на Џони Деп против неа.

Говорејќи на последниот ден од судењето пред завршните зборови, актерката рече: „Можеби е лесно да се заборави, но јас сум човек“.

Џони Деп ја тужи актерката поради нејзиниот авторски напис во „The Washington Post“, во кој алудираше дека е жртва на семејно насилство, иако не беше именувам нејзиниот насилник, референцата на Деп беше очигледна.  Тој постојано ги негираше нејзините тврдења.

Во текот на повеќе од еден месец сведочење, на поротниците им беа претставени сосема различни верзии за инцидентите што се случија во текот на бурните две години на парот.

џони деп
Поранешните сопружници Амбер Херд и Џони Деп / Фото: EPA-EFE

И двајцата актери го обвинуваат другиот дека е агресор во врската и повикаа сведоци да сведочат во нивно име. Голем број сведоци повикани од тимот на Деп директно се спротивставија на тврдењата на Херд.

„Знам колку луѓе ќе излезат и ќе кажат што и да е, наместо него“, рече Херд пред судот во четвртокот. „Тоа е неговата моќ. Затоа го напишав авторскиот текст. Зборував за тој феномен“.

Нејзиното сведочење, додаде таа, довело до „стотици“ смртни закани на дневна основа и ја принудило да ја „оживее траумата“ од нејзиниот брак.

„Ова е ужасно… ова е понижувачко за секое човечко суштество и можеби е лесно да се заборави, но јас сум човечко суштество“, рече таа. „Како што стојам овде денес, не можам да имам кариера. Не можам ни да имам луѓе да се дружат со мене поради заканите и нападите што ќе мора да ги издржат.

Завршните зборови ќе започнат во петок, по што ќе следи одлуката на поротата.

Кејт Мос сведочеше во корист на Џони Деп: Тој никогаш не ме удирал, не ме фрлил по било какви скали

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајрами: Да, разговаравме, останувам тренер на Македонија ЃП

Следно

ВИДЕО | Османи на средба со Кулеба во Киев: Поддршка за интегративниот процес на Македонија и на Украина

Latest from Blog

Д-р Петличковски за кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници: Немаме законска можност да го присилиме да се тестира, очекуваме да му проработи совеста

Здравствените власти мака мачат да обезбедат примерок за тестирање од првиот суспектен случај на мајмунски сипаници

MacedonianEnglishAlbanian