Британецот бил приведен во средата вечерта бидејќи при качување во приватен авион за Швајцарија кај него бил пронајден пиштол за кој немал дозвола.
Берни Еклстоун ѝ признал на полицијата дека поседувал пиштол, но рекол дека тогаш не знаел дека тој бил во неговиот багаж.
Берни плати кауција по сослушувањето, а потоа му беше дозволено да отпатува во Швајцарија.
Но, без споменатиот пиштол кој бил пронајден во негова близина и кој го запленила локалната полиција.
Да потсетиме, Еклстоун е еден од најпознатите бизнисмени од Велика Британија кој долго време беше дел од „најбрзиот циркус на светот“.