ВИДЕО | Технолошкиот факултет ја промовираше новата Фаб лабораторија наменета за млади над 15 години

2 mins read

На Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ се отвори лабораторија за производство  Inno Fab Lab, во која младите од 15 до 29 години ќе рeaлизираат иновативни идеи до продукт-прототип со силен пазарен потенцијал преку обезбедување менторска, техничко-технолошка и бизнис-претприемачка подршка.

Проф.Д-р Игор Јорданов, професор на Технолошко-металуршкиот факултет вели дека Inno Fab Lab  e место каде што креативни средношколци и студенти ќе работат на иновативни проекти кои ќе резултираат со развој на продукт-прототипи.

– „Предизвик за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”, е проект кој стартува и кој ќе обезбеди пристап до современи технологии за средношколци и млади. Inno Fab Lab, во период од 12 месеци, ќе им овозможи на педесетина креативни средношколци и студенти да се вклучат во работа на конкретни проекти кои ќе резултираат со развој на најмалку шест продукт-прототипи, информира професор Јорданов.

Проектот доби поддршка и од Alumni Outreach програмата на американската амбасада и од неколку домашни компании.

Здружението ИНО ТЕХ КЛУБ, ЦИРКО од Машински факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологиии ја добија шансата да ги воспостават првите три лаборатории за производство, со што сериозно се очекува да се зајакне соработката помеѓу академската заедница, индустријата, граѓанскиот и јавниот сектор.

Тимовите ќе бидат составени од 6-8 млади луѓе, а главен предуслов ќе биде најмалку 40 % од членовите на тимот да бидат девојки.

– Проектот предвидува транспарентна постапка на селекција на шест тимови, чии идеи имаат најголем потенцијал за развој на иновативен производ. На три повици ќе се изберат по два тима на кои ќе им се назначи ментор/ментори со силни стручни и професионални знаења од областа на проектната идеја. Во текот на четиримесечното менторирање, во Inno Fab Lab лабораторијата за производство тимовите ќе имаат можност да ги надградат своите технички знаења и вештини, да стекнат искуство со тимска работа и да научат како да развијат идеја до продукт-прототип, додава проф. Јорданов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Д-р Енвер Идоски, специјалист по интерна медицина, супспецијалист кардиолог: Ризик-фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања

Следно

Бретон: Рекордно ниво на инфлација во светот првпат од почетокот на векот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian