ВИДЕО | Шевченко: Над 100 професионални тенисери од светот во јуни и јули ќе дојдат во Скопје на 3 меѓународни турнири

2 mins read

Во Северна Македонија, месеците јуни и јули ќе бидат во знакот на професионалниот тенис. Над 100 професионални тенисери од целиот свет, ќе учествуваат на три интернационални ИТФ тениски натпревари кои ќе се одржат во Скопје, а во организација на Тениската Федерација на Република Северна Македонија.

Федерацијата ќе биде организатор на професионален турнир за мажи со награден фонд од 25.000 долари во период од 6-12.06.2022 ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M25 – Скопје.

Ќе се организира професионален турнир за мажи со награден фонд од 15.000 долари во период од 13-19.06.2022., ITF MEN’S WORLD TENNIS TOURS M15 – Скопје.

Исто така во период од 4-10 јули ќе се одржи и Светското екипно првенство за жени (Billie Jean King Cup), за регион Европа и Африка, група 3.

-Пред три години се создаде еден стручен тим којшто имаше неколку главни цели. Една цел беше развој на млади таленти, вториот дел беше создаавање на високо квалитетни тенисери коишто би ја претставувале нашата држава и развој на стручен кадар. Тие три работи беа основни, но тука, се разбира, беше и помошта на клубовите, развојот на играчите. Еден од тие проекти беше и организација на меѓународни турнири, каде што ншите тенисери ќе имаат можност, во нашата земја, да стекнат поени за светските ранг листи и со истите тие поени на други турнири да одат чекор по чекор во својата кариера, изјави во Утрински брифинг, Горан Шевченко, државен селектор при тениската федерација.

Тој нагласи дека тенисот во државата станува се попопуларен посебно меѓу младите и е поддржан од Агенцијата за млади и спорт.

– Расте бројот на деца кои играат тенис во македонските клубови и тоа е позитивно. Спортот е поддржан и од Агенцијата за спорт. Македонија е меѓу првите земји каде тенисот се развиваше со владина поддршка, а кога спласнуваше пандемијата меѓу спортистите, први тенисерите се вратија на тренинзи, вели Шевченко.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Саем за кариера 2022“ денеска во Скопје

Следно

Неколку боровинки дневно може да направат чудо за вашиот организам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian