ВИДЕО: Македонските фудбалери ги стартуваа подготовките за Лигата на нации

1 min read

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за натпреварите од новото издание во Лигата на нации.

На првите тренинзи пристигнаа дел од повиканите фудбалери, а ќе се комплетира составот во текот на следните денови.

Селекторот на нашата селекција Благоја Милевски најави дека на дуелите против Бугарија, Грузија и Гибралтар ќе прави ротации, сите ќе добијат шанса за настап да го потврдат својот потенцијал.

Еден од репрезентативците на Македонија Стефан Ашковски вели дека првиот ривал Бугарија има добра репрезентација, но во Разград ќе се атакува на победа.

– Имаме четири натпревари за 10 дена, ќе биде интересно. Ни недостасуваат неколку играчи, но знам дека кој и да добие можност ќе го даде својот максимум на теренот. Ние сме како едно семејство, ние сме Македонија и горди сме што играме за оваа земја. Ветуваме дека ќе се бориме до крај за добар резултат во Лигата на нации. Имаме систем на работа кој веќе функционира долг период, секој има свои задачи и знае што треба да одигра – вели Ашковски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен: САД сакаат Кина да ги почитува меѓународните правила

Следно

„Мерцедес“ и „Тојота“ сакаат да отворат фабрики во Србија, тврдат владини функционери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian