Денеска во финалето од Купот на Хрватска екипата на Хајдук Сплит триумфираше над Риека со 1:3.
За Риека целиот натпревар го одигра македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, а на спротивната страна на клупата за резерви остана Јани Атанасов.
Иако беше во негатива после голот на Дрмиќ од 13 минута, Хајдук Сплит успеа да направи пресврт со погодоците на Феро и Мелњак кој беше двоен стрелец.
Пред крајот на првото полувреме при резултат 1:2 Риека остана со еден играч помалку поради двата жолти картони на Смолчиќ.
За Хајдук Сплит ова е седма куп титула во својата клупска историја, сега има една повеќе од Риека.