Тежок инцидент се случи денеска во српскиот град Инѓија, каде напаѓач најпрво се обидел во кафуле да пука со пиштол врз човек со кого имал нерасчистени односи, по што избегал и се вратил со бомба, која експлодирала во локалот.
На драматичната снимка од безбедносните камери, која беше објавена, се гледа целиот инцидент, како и паничните обиди да избегаат на луѓето кои седеа во кафулето. Снимена е и експлозијата, во која е ранет еден човек.