Доаѓањето на Антонио Конте ги смени работите од корен во Тотенхем, екипата на крајот обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а денеска го убеди капитенот Хари Кејн да остане во екипата.
Одличниот напаѓач одлучи да остане во Тотенхем и следната сезона откако претседателот Даниел Леви му вети дека ќе му ги исполни сите услови што ги бара, нов договор и ангажирање на квалитетни засилувања за екипата да се вклучи во битката за трофеите. Кејн има 28 години и се очекува да добие нов четиригодишен договор.
Вториот услов што им го постави Кејн на челниците на екипата, би требало да се реализира на лето. Имено, сопственикот на Тотенхем, Џо Луис ветил дека буџетот за засилувања во летниот преоден рок ќе изнесува 170 милиони евра, плус парите што би се заработиле од продажбата на неколку фудбалери.