Стефковски: Започна акцијата “За поубава Гази Баба”

1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска заедно со вд директорот на ЈКП Гази Баба Игор Атанасовски означија почеток на големата пролетна акција “За поубава Гази Баба”.

-Утрово започна големата пролетна акција “За поубава Гази Баба”. Општина Гази Баба преку ЈКП Гази Баба 2007 од денес започна со голема акција за уредување на парковите, кастрење на дрвата, менување и поставување на урбана опрема и други активности. Акцијата денес започна со реализација во Урбаната заедница Автокоманда, а во следниот период ќе продолжи и во останатите населени места, рече Стефковски и порача дека акцијата значи чисти и уредени паркови.

-Апелирам до граѓаните на општина Гази Баба да внимаваме на комуналната хигиена, напиша Стефковски.

 

skopjeinfo.mk

Претходно

Телефонските говорници во Њујорк заминуваат во историјата (ВИДЕО)

Следно

Чеферин за договорот на Мбапе: Реал не може да ѝ каже на УЕФА што да прави

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian