Србија ја ограничи цената на шеќерот и извозот на пелети

1 min read

Владата на Република Србија на денешната седница ја усвои изменетата Уредба за ограничување на цената на основните прехранбени производи, со која се ограничува малопродажната цена на кристалниот шеќер за сите пакувања. Лимитот на цената на кристалниот шеќер во пакување од еден килограм останува на 89,99 динари (0,76 евра).

-Уредбата е донесена со цел да се заштити пазарот, а поради наглиот скок на цената на кристалниот шеќер во поголеми пакувања, имајќи предвид дека е ограничена само цената на пакувањето од еден килограм. Поради големата разлика во цената, зголемена е побарувачката за пакувања од еден килограм и често ја нема во малопродажните места.

Со уредбата се предвидува трговците на големо да мора да дистрибуираат кристален шеќер до трговците во рок од 15 дена, се наведува во соопштенеито од владата.

Владата на Србија донесе одлука и за привремена забрана за извоз на дрвни сортименти од суштинско значење за Република Србија.

Поради зголемениот извоз во претходните години и зголемената побарувачка за овој вид гориво на светскиот пазар, недостигот од овие асортимани најмногу ги погоди производителите на пелети и огревно дрво. Привремената забрана за извоз е ограничена на 60 дена.

Членовите на Владата донесоа одлука со која до 30 јуни годинава го продолжуваат привременото намалување на акцизите за оловниот бензин, безоловен бензин и гасните масла., се наведува во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Муцунски: Поголема енергетска ефикасност во Аеродром – фотоволтаиците во основните училишта почнаа со работа

Следно

Во Бразил уапсен поранешниот сопственик на Формула 1

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian