„Слободен печат“: Опозицијата заклучи дека Џафери сторил кривично дело

4 mins read

Во печатеното издание на „Слободен печат“ можете да прочитате:

 

Хроника

Спикерот ги заклучи пратениците во собраниската сала: Опозицијата тврди дека Џафери сторил кривично дело

-Партиите од опозицијата, пред сè ВМРО-ДПМНЕ и Левица, оценија дека со затворањето на пратениците, Џафери противправно ги лишил од слобода (чл. 140 ст. 3 и 4 од КЗ), кое се казнува со затворска казна од шест месеци до пет години.

 

Зачести повикувањето новинари на „информативен разговор“: Обвинителството се вади на техничка грешка!?

-Во две недели, два случаи на новинарки што се повикуваат на информативен разговор. ССНМ не сака да верува дека одново се соочуваме со репресии кон медиумите и новинарите типични за едни други времиња – вели Павле Беловски, претседател на новинарскиот синдикат.

 

Тито Петковски за превирањата во НСДП: Мисовски сака да стане лидер без демократски натпревар

– Станува збор за група од десет членови на партијата, на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска, кои се секогаш на листите на НСДП за државни функции и сакаат да си ги задржат привилегиите – вели Тито Петковски за „Утрински брифинг“.

 

Економија

Ќе извиси ли усогласувањето со минималната плата? Во ребалансот нема пари за повисоки плати на цела администрација

– Сојузот на синдикати за денес најавува штрајк, освен ако во меѓувреме не добијат убедување од Владата дека ќе има зголемени плати за сите во јавниот сектор

 

Свет

Зачестија притисоците за територијални отстапки кон Русија: Зеленски против идејата на Кисинџер за „поделба“ на Украина: Ова не е 1938 година!

– Во 1938 година, кога семејството на господинот Кисинџер бегаше од нацистичка Германија, тој имал 15 години и сѐ разбирал перфектно добро. Никој тогаш не слушна од него дека било нужно да се приспособи кон нацизмот, а не да се побегне или да се бори против него, изјави Зеленски

 

Скопје

Во скопските градинки се бара место повеќе: Списоците за чекање сѐ подолги, во најава изградба на десетина нови градинки

-Со години наназад сите се согласуваат дека треба да се градат и отвораат нови градинки, но тоа некако пребавно оди па родителите на децата што не се примени во претшколски установи се снаоѓаат на разни начини – приватни градинки, баби, па дури и отказ на работа ако не успеат да ги згрижат децата поинаку.

 

Спорт

Фудбалска репрезентација на Македонија: Ристовски повреден, „рисовите“ со нов капитен на стартот од Лигата на нации

– Селекторот Благоја Милевски поради проблеми со повреди на неколку фудбалери, меѓу кои е и капитенот Стефан Ристовски, одлучи фудбалерот на Леванте да ја носи капитенската лента на првите четири натпревари во европското репрезентативно натпреварување.

 

Мозаик

Интервју со Марија Вардарска, жена на зборот: Среќа е кога мислата тече, без оглед дали ќе добие публика

–  По една деценија настапи пред секоја бандера во земјава и надвор од неа, како што вели самата Марија, во соработка со актуелниот добитник на наградата „Најдобар млад џез-музичар“ Филип Букршлиев спрема студиски албум.

 

Во утрешниот број и редовниот прилог на ТВ и филм!

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Георгина Родригез пристигна во Кан, месец дена по смртта на синот

Следно

Хрватскиот суд одлучи: Геј паровите ќе може да посвојуваат деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian