Што ќе донесе младата Месечина во Близнаци на 30 мај?

2 mins read

На 30 мај, Месечината ќе се роди во знакот на Близнаци, со што завршува сезоната на еклипсата. Без разлика каде се наоѓате психички и душевно по овие трансформативното затемнување, оваа млада Месечина ќе нè одведе на нови патеки.

Првата млада месечина по еклипса е значајна бидејќи носи свежа енергија и перспектива, која ни овозможува да ги интегрираме трансформативните искуства и да се чувствуваме посигурни кога станува збор за преземање на следните чекори.

Покрај енергија на обнова од младата Месечина, Меркур, владејачката планета на Близнаците моментално е во ретроградна состојба. Тоа значи, во моментов треба да се движиме полека и да бидеме трпеливи. Иако можеби се чувствуваме во полет на новиот пат, универзумот бара од нас да се смириме.

Дајте си време и да не брзајте со никакви одлуки. Универзумот ги успорува работите за да можете да одвоите време, да здивнете и да ја донесете најдобрата можна одлука за иднината.

Меркур ќе почне да се движи директно на 3 јуни, иако ќе биде потребно извесно време да се врати на претходната сила и брзина, работите би требало да стануваат појасни во наредните недели.

Ако животот е сè уште бурен по трансформацијата на затемнувањето, знајте дека оваа млада Месечина носи потсетник дека е во ред да одвоите време за размислување и обработка.

Енергијата на Близнаците владее и со комуникацијата, па запишувањето на вашите мисли и чувства ќе ви помогне. Одвојте време да седнете и да ги ставите сите ваши чувства на хартија и да видите каква мудрост или одговори ќе дојдат од внатрешниот глас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Леброн повторно ќе игра со Кајри Ирвинг, а Дурент со Вестбрук?!

Следно

Пендаровски: Со Бугарија треба да разговараме за критериумите за ЕУ, а не за историски спорови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian