Шолц: Русија нема да победи во војната, ниту да ги диктира условите за мир

1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.

– Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина, истакна Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос.

Тој посочи дека „нема да има диктиран мир“.

– Украина нема да го прифати тоа, ниту ние, предупреди германскиот канцелар.

kurir.mk

Претходно

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Следно

Овие категории на граѓани можат бесплатно да ја користат жичарницата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian