СБ на ОН денеска гласа за новите санкции против Северна Кореја

1 min read

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе гласа за предлогот на САД, да се заострат санкциите против Северна Кореја, поради нејзиното лансирање балистички проектили. Кина, која има право на вето, тврди дека резолуцијата нема да реши никакви проблеми.

Гласањето ќе се одржи ден откако Пјонгјанг истрела три проектили, вклучувајќи и еден, за кој постојат сомневања оти станува збор за голем интерконтинентален балистички проектил, јавија британски медиуми.

Ова е само најновиот истрел, во низата балистички проектили годинава истрелани од севернокорејскиот полуостров, што е забрането од Советот за безбедност.

Според американско официјално лице, нацрт резолуцијата би „ја ограничила и понатаму севернокорејската можност да развива незаконско оружје за масовно уништување и балистички ракетни програми, ќе се поедностави спроведувањето на санкциите и ќе помогне во испораката на хуманитарна помош на оние, на кои тоа им е потребно“.

kurir.mk

Претходно

Бајден ја номинираше Ангела Агелер за нова амбасадорка во Македонија

Следно

Мурињо: Испишавме историја, многу вложивме во Лигата на конференции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian