„Ролан Гарос“: Крај за Халеп, Циципас се помачи против Колар

1 min read

Во женска конкуренција романската тенисерка Симона Халеп денеска го заврши натпреварувањето на Отвореното првенство во Франција во тенис, откако во второто коло загуби од Чинвен Женг од Кина со 6:2, 2:6 и 1:6.

Женг, 74 тенисерка во светот, на своето деби на „Ролан Гарос“ собра 27 директни поени против двократната грен слем шампионка која имаше само девет поени.

Во следното коло кинеската тенисерка ќе игра против Ализ Корне која славеше над Јелена Остапенко со 6:0, 1:6 и 6:3.

Пласман во третото коло обезбеди седмата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка, која беше подобра од Американката Медисон Бренгл со 6:1, 6:3. Нејзина противничка во следната рунда ќе биде Италијанката Камила Џорџи.

Кај мажите четвртиот светски рекет Стефанос Циципас се помачи против Зденек Колар од Чешка (6:3, 7:6, 6:7 и 7:6) во меч кој траеше четири часа.

Гркот за пласман во осминафиналето ќе игра против Швеѓанецот Микаел Имер кој беше подобар од Британецот Даниел Еванс со 6:3, 3:6, 6:2 и 6:3.

„Ролан Гарос“ 2022

МАЖИ, ДВОЈКИ – 1/16 ФИНАЛЕ

Ѓоковиќ – Бедене
Димитров – Шварцман

Оже Алијасим – Крајиновиќ
Ван Де Зандшулп – Надал

Зверев – Накашима
Изнер – Запата Миралес

Нори – Хачанов
Корда – Алкараз

Руд – Сонего
Гофан – Хуркач

Руне – Гастон
Имер – Циципас

Рубљов – Гарин
Мекдоналд – Синер

Симон – Чилиќ
Кецмановиќ – Медведев

ЖЕНИ, ДВОЈКИ – 1/16 ФИНАЛЕ

Швјонтек – Ковиниќ
Женг – Корне

Пегула – Зиданшек
Бегу – Жанжан

Бадоса – Кудерметова
Кијз – Рибакина

Роџерс – Касаткина
Џорџи – Сабаленка

Тревизан – Савил
Кербер – Саснович

Бенчиќ – Фернандез
Анисимова – Мухова

Грачева – Мертенс
Гоф – Канепи

Азаренка – Тејхман
Стивенс – Пери

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Можете ли да ја препознаете ѕвездата од филмовите за Бетмен во трејлерот за претстојниот филм за Тор?

Следно

Убави вести од Wizz Air: Се обновуваат сите прекинати летови, а се планираат и нови!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian