Реконструкцијата на пешачките патеки во Градски парк во завршна фаза

1 min read

Екипите на Градот Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со активности за реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк. 

На терен деновиве се асфалтираат пешачките патеки позади Луна паркот. Патеките се со должина од 110 метри и широчина од 6,5 метри, со вкупна површина од околу 710 квадратни метри. 

Реконструкцијата на пешачаките патеки во Градскиот парк на вкупна површина од 9000 квадратни метри се реализира во фази, а досега целосно се реконструирани  7500 квадратни метри. Најголемиот дел од патеките веќе се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација.

skopjeinfo.mk

Претходно

Бретон: Рекордно ниво на инфлација во светот првпат од почетокот на векот

Следно

Вучиќ и Путин ќе разговараат в недела

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian