Путин се заканува со кризата со храна, ќе ја решел само под ОВОЈ УСЛОВ

1 min read

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги нагласи дека Москва е подготвена да даде значителен придонес во решавањето на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите, соопшти Кремљ.

Путин истакна дека Русија е подготвена да извезува жито и вештачко ѓубриво за да се справи со кризата.

Тој, исто така, посочил дека Русија е подготвена да продолжи со непречено снабдување со гас за Италија.

Путин зборуваше за тековните напори за воспоставување мирен живот во ослободените градови Донбас, се наведува во соопштението на Кремљ.

Во соопштението се истакнува и дека Путин детално зборувал за преземените чекори за безбедна пловидбата, секојдневното отворање на хуманитарни коридори за заминување на цивилни бродови од пристаништата во Азовско и во Црно Море.

Кремљ наведува дека Путин во разговорот со Драги „ги изнел и принципиелните оценки за преговарачкиот процес, што Киев го замрзна“.  (МИА)

kurir.mk

Претходно

Моите противници знаат дека не сум криминалец, вели Стевчо Јакимовски

Следно

Американецот Аронсон е новото засилување за Лидс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian