Почина актерот Реј Лиота

1 min read

Почина Реј Лиота, извонредниот актер чиј почеток на кариерата се случи во криминалистичката класика на Мартин Скорсезе од 1990 година „Goodfellas“. Лиота имаше 67 години.

Како што пренесуваат странските медиуми, Лиота починал во сон во Доминиканската Република, каде што го снимал филмот „Dangerous Waters“. Реј зад себе ја остави ќерката Карсен. Беше свршен со Џејси Нитоло.

Легендарниот актер, кој е на екранот со децении, го играше и Џо Џексон во „Field of Dreams“. Во поново време, тој се појави во филмот на „Netflix“ насловен „Marriage Story“ и како и „Many Saints of Newark“.

„Убаво е што филмот сè уште живее во главите на луѓето“, изјави Лиота за „Daily News“ за „Goodfellas“ во 2020 година, на 30-годишнината од мафијашкиот класик. „Изгледа дека тоа е она што ќе продолжи понатаму“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тотенхем ја заврши најважната работа, го убеди Хари Кејн да остане

Следно

Моите противници знаат дека не сум криминалец, вели Стевчо Јакимовски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian