Песков: Киев да ги прифати барањата на Русија за преговори

1 min read

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија чека Украина да ги прифати барањата за мировни преговори.

– Чекаме Киев да ги прифати барањата на Москва и да ја сфати „де факто“ ситуацијата, реалната ситуација што постои, истакна Песков.

Неговата изјава е коментар на предлогот на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер – Западот да се откаже од обидот воено да ја порази Русија во Украина. Тој ја потенцира потребата Киев да се убеди да се врати на преговарачка маса.

Кисинџер на 23 мај на Светскиот економски форум во Давос оцени дека постигнувањето на неутрален статус на Украина и нејзиното позиционирање како мост меѓу Русија и Европа може да се замисли како крајна цел во сегашната ситуација.

Тој наведе дека преговорите треба да започнат во следните два месеци, пред конфликтот да создаде такви пресврти и тензии, што нема лесно да се надминат.

Според Кисинџер, „идеалната линија на поделба треба да се врати на ’статус кво’, како пред конфликтот“, сугерирајќи дека Украина треба да се согласи да се откаже од поголемиот дел од Донбас и од целиот Крим.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше предлогот на Кисинџер, споредувајќи ги неговите ставови со оние на нацистичка Германија во 1938 година.

kurir.mk

Претходно

Ковачевски: Одлуката за автокефалност на МПЦ-ОА е од огромно значење за иднината на државата

Следно

Арсовска: Противпожарно возило обезбедено од Градот Конја за Скопје

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian