Официјално: Андонова го продолжи договорот со Леванте

1 min read

Една од најдобрите македонски фудбалерки ја продолжи соработката со шпанскиот клуб Леванте на уште две години.

Наташа Андонова официјално потпиша нов договор кој ќе трае до 30 јуни 2024 година.

Нашата фудбалерка го облече дресот на Леванте во летото 2019 година доаѓајќи од редовите на Барселона.

Севкупно нејзиниот учинок е 78 официјални натпревари во шпанската лига, Лигата на шампионите Квинс куп и клупскиот Суперкуп со 11 постигнати голови.

Пред да се пресели во Шпанија, претходно настапуваше за ПСЖ (Франција), Росенгард (Шведска) и Турбине Потсдам (Германија), во нашата земја беше дел од Тиквешанка и Борец Велес.

Во 2010 година на ЕП под 19 години кое се одржа во Македонија беше прогласена за најдобра фудбалерка на шампионатот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Историска одлука во Хрватска: Истополовите двојки може да посвојуваат деца

Следно

ФОТО | Џони Деп се појави на судење со кравата што ја добил на подарок од Вучиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian