Неговата ќерка добила награда, па потоа на радио слушал за пукањето во училиштето – кога отишол таму веќе било доцна (ВИДЕО)

1 min read

Заменикот шериф дошол да помогне во истрагата за масакрот во училиштето во Тексас, во кој тинејџерот Салвадор Рамос уби 19 деца и две учителки, за таму на лице место да дознае дека неговата ќерка е една од убиените.

Само неколку часа претходно, полицаецот Феликс Рубио ја фотографирал Лекси (10) која примала награда, а потоа отишол на работа. Откако на радио слушнал дека во училиштето имало пукање, побрзал да помогне.

На лице место му било кажано дека меѓу 19-те жртви е и неговата десетгодишна ќерка. Не можел да поверува дека само неколку часа претходно ја прегрнувал и фотографирал својата Лекси, која добила признание и од училиштето наречено „Најдобар граѓанин“.

Тоа утро и рековме дека ја сакаме и дека ќе ја земеме по училиште. Немавме поим дека ќе се збогуваме со неа засекогаш – изјавила нејзината мајка Кимберли.

Феликс во солзи зборуваше за американските медиуми. Тој повика на поголема контрола над купувањето оружје. Други родители на убиените деца и сведоци изјавија дека масакрот во основното училиште можел да се спречи.

kurir.mk

Претходно

Трајковски: Не се откажувам, ќе се самокандидирам за лидерската позиција на партискиот Конгрес

Следно

Историска одлука во Хрватска: Истополовите двојки може да посвојуваат деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian