МВР со детали за сообраќајката во Ѓорче Петров каде загина пешак

1 min read

МВР со детали за сообраќајката што се случи вчеравечер, а има и човечка жртва. 

-На 25.05.2022 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Никола Пушкаров“ во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(58) од с.Сарај, удрило во пешакот С.Р.(65) од с.Грчец, општина Сарај, соопшти МВР. 

На местото на несреќата починал пешакот С.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Рош разви тестови за откривање на мајмунски сипаници

Следно

ФФМ: Цената на билетот за натпреварот Бугарија – Македонија е 600 денари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian