Мурињо: Испишавме историја, многу вложивме во Лигата на конференции

2 mins read

Рома и Жозе Мурињо вчера испишаа историја, „римската волчица“ стана првиот тим што победи во Лигата на конференции со победата над Феенорд од 1:0, додека Португалецот стана првиот тренер што победил во сите три европски клупски натпреварувања.

Мурињо стана првиот тренер што победил во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Лигата на конференциите, додека Рома го освои својот прв европски трофеј.

– Испишавме историја. Од првиот ден верувавме дека можеме да освоиме трофеј во ова натпреварување. Сега многу работи ми се вртат во главата. Но, тоа што можам да кажам е дека се чувствувам како вистински „романист” – рече Мурињо.

По победата, Португалецот порача дека и следната сезона ќе седи на клупата на Рома.

– Останувам во Рома. И покрај разните гласини, сакам да останам во Рома. Треба да видиме што сакаат да направат нашите сопственици, но можеме да создадеме силен проект. Треба да седнеме заедно со нив на маса и да видиме каков е нивниот план – рече Мурињо.

Рома конечно во третото европско финале успеа да го крене шампионскиот пехар. Претходно „римската волчица“ губеше во финалето во тогашниот Куп на европски шампиони во 1984 година од Ливерпул, а во 1991 година загуби од Интер во финалето на Купот на УЕФА.

– Лигата на конференции е натпреварување кое сакавме да го освоиме иако имавме тежок пат. Моравме да елиминираме тим од Премиер лигата, а во финалето игравме со Феенорд кој пак го елиминира Олимпик Марсеј. Можеби можевме да освоиме повеќе поени во Серија А, но многу вложивме во Лигата на конференции – додава Мурињо.

ВИДЕО: Рома ја освои Лигата на конференции, Мурињо испиша историја во Тирана

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СБ на ОН денеска гласа за новите санкции против Северна Кореја

Следно

ВИДЕО | Петковски: Создадов простор за натпревар меѓу членовите, но Горан Мисовски само сака да биде претседател на НСДП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian