Можете ли да ја препознаете ѕвездата од филмовите за Бетмен во трејлерот за претстојниот филм за Тор?

1 min read

Британскиот актер Кристијан Бејл глуми застрашувачки негативец во новиот филм „Thor: Love and Thunder“, а во трејлерот изгледа целосно непрепознатливо. „Gorr the God Butcher“ треба да биде најновиот негативец во филмската франшиза.

Бејл го игра негативецот со застрашувачки изглед и се појави крвав и со лузни во трејлерот. Актерот, кој е познат по улогата на суперхеројот Бетмен во голем број филмови на „DC“, во новиот филм ќе се бори со Тор кој го толкува Крис Хемсворт.

Тизерите покажуваат дека Кристијан изгледа непрепознатливо со маската и значителното количество шминка што буквално ја промениле структурата на неговото лице.

Застрашувачкиот лик „Gorr the God Butcher“ излегува од сенките грмушки во двеминутниот трејлер, прикажувајќи ја претстојната акција. Се чини дека тој продолжува да ја уништува целата планета додека да се судри со други херои.

Обожавателите на Тор со нетрпение го очекуваат објавувањето на новиот филм откако излезе последното продолжение во 2017 година. „Thor: Love and Thunder“ треба да се појави во кината на 8 јули, а главните улоги ги толкуваат Натали Портман, Карен Гилан и Крис Прат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Организацијата на Олимписките игри во Токио чинела 13.6 милијарди долари

Следно

„Ролан Гарос“: Крај за Халеп, Циципас се помачи против Колар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian