Моите противници знаат дека не сум криминалец, вели Стевчо Јакимовски

1 min read

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 ја искоментира изјавата на поранешниот премиер Зоран Заев за него од пред седум месеци, кога Заев сѐ уште беше на чело на Владата.

„Мене господинот Заев ми е пријател и интересен ми е. Десетина дена пред изјавата ми се јави да ми честита за победата. Сметам дека тој не го мислел тоа што го кажа. Веројатно му требала изјавата за дневна политика. Длабоко во себе не мисли така. Противниците знаат дека Стевче Јакимовски не е криминалец, не е неспособен, не е глупав, има идеи и потези“, рече Јакимовски.

Во ноември, по локалните избори, Заев во една прилика изрази чудење за изборот на граѓаните во оваа општина, откако Јакимовски победи.

„Почит кон секој човек, но не можам да сфатам што се случи во Карпош, таму живее интелигенцијата“, рече тогаш Заев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина актерот Реј Лиота

Следно

Путин се заканува со кризата со храна, ќе ја решел само под ОВОЈ УСЛОВ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian