Милевски: Без Ристовски за јунските натпревари во Лигата на нации

2 mins read

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски на прес-конференција зборуваше за подготовките и натпреварите на најдобрата селекција од новото издание на Лига на нации.

На првиот собир на нашата репрезентација денеска, пристигнаа дел од фудбалерите, а ќе се комплетира во текот на наредните денови.

– Поради повреда на стопалото, капитенот Стефан Ристовски нема да биде во можност да се стави на располагање за јунските натпревари. Аријан Адеми и Адис Јаховиќ се ослободени за подготовките и натпреварите поради напорната сезона и честите повреди, додека Ердал Ракип поради свои приватни причини, исто така нема да биде дел од тимот за овој собир. Тихомир Костадинов е во процес на рехабилитација од повредата на коленото.

Ние сме во група со квалитетни противници. Квалитетот е израмнет, а јас не го запоставувам ниту Гибралтар, иако многумина го сматаат за аутсајдер. Нашата цел е освојување на првото место во септември кога завршува циклусот. Нè чекаат шест тешки натпревари, а не само еден или четири.

Императив во оваа селекција е секој да го даде најдоброто од себе. Фудбалерите да покажат дека имаат потенцијал, да го дадеме максимумот и на крајот да видиме што ќе ни донесе тоа. Ниту јас, ниту стручниот штаб не живее во минатото. Зад нас ги оставаме Италија и Португалија и ќе се обидеме најдобро што можеме да се носиме со новите предизвици.

Шанса за настап и за потврда на својот потенцијал ќе добијат сите, ќе правиме ротации, а ќе бидеме задоволни ако го видиме квалитетот и потенцијалот на фудбалерите покажувајќи ни дека можеме да сметаме на нив во иднина, затоа што за нас целта останува ЕП 2024. Базата ја имаме, ја направивме во 2015/16, сега го освежуваме тимот со млади фудбалери од репрезентацијата до 21 година. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни во Европа, но треба да продолжиме во таа насока – рече Милевски на денешната прес-конференција.

2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)

ФФМ: Цената на билетот за натпреварот Бугарија – Македонија е 600 денари

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Ненад Периш објави потресна снимка од испраќањето на неговиот син Матеј: Капетане треба да одиме дома…

Следно

Елен Деџенерис се збогува со своите обожаватели: Завршува шоуто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian