Кевин Спејси се соочува со обвиненија за сексуално злоставување на тројца мажи

1 min read

Актерот Кевин Спејси е обвинет за сексуално злоставување на тројца мажи во Велика Британија, пренесува „Би-Би-Си“.

Против 62-годишникот се покренати пет обвиненија по прегледот на доказите од страна на полицијата по жалбите кои датираат помеѓу 2005 и 2013 година. Три жалби се однесуваат на сексуални злоставувања за кои се тврди дека се случиле во Лондон, а едно во Глостершир. Актерот исто така се соочува со дополнително сериозно обвинение за сексуален напад во Лондон.

„Против Кевин Спејси (62) е поднесена кривична пријава по четири точки за сексуален напад против тројца мажи. Тој исто така е обвинет и за поттикнување лица на пенетративна сексуална активност без согласност. Обвиненијата следеа по прегледувањето на доказите собрани од полицијата за време на истагата“, истакна државната обвинителка Розмари Ејнсли. „Обвинителството ги потсетува сите заинтересирани страни дека кривичната постапка против господинот Спејси е активна и дека тој има право на правично судење“, додаде таа.

Бранот обвинувања што ја прекина кариерата на 62-годишниот актер започна во 2017 година. Тој беше обвинет и за недолично однесување од страна на соработниците од сетот на серијата „House of Cards“, во која по обвинувањата ја загуби главната улога. Кевин мораше да плати отштета од 31 милион долари на продуцентите на истата серија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американецот Аронсон е новото засилување за Лидс

Следно

ВМРО-ДПМНЕ вели дека нема ништо спорно кај Мицкоски: „Лицето кое се спомнува никогаш не било во работен однос во партијата“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian