Кејт Мос сведочеше во корист на Џони Деп: Тој никогаш не ме удирал, не ме фрлил по било какви скали

2 mins read

Светски познатиот модел Кејт Мос и поранешна девојка на Џони Деп, вчера сведочеше на судењето на кое актерот ја тужи својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета. Таа во своето сведочење негираше дека Џони Деп ја турнал по скали, со што оспори уште една изјава што Херд ја изнесе пред судот пред неколку дена.

Кејт Мос ќе сведочи во судскиот процес на Џони Деп против Амбер Херд

Кејт Мос потврди дека била на одмор на Јамајка со Деп.

„Бевме во собата, Џони ја напушти собата пред мене. Почна бура и кога истрчав од собата, паднав по скалите и го повредив грбот. Врескав, ме болеше и не знаев што се случи“, изјавиМос.

„Тој дотрча до мене да ми помогне, ме одведе во собата и се погрижи да бидам добро“, додаде таа. Адвокатот на Џони Деп праша: „Дали Џони Деп ве турна по скалите? Кејт Мос одговори: „Не“. Адвокатот потоа ја праша дали Деп некогаш ја турнал по скали за време на нивната врска, на што таа одговорила: „Не. Тој никогаш не ме турнал, не ме удирал или не ме фрлил по било какви скали“.

Да потсетиме, актерката Амбер Херд ја спомена Кејт Мос на судот кога раскажуваше за наводниот конфликт меѓу Џони Деп и Витни Хенрикез, сестрата на Амбер Херд. Таа рече дека Деп замавнал со раката кон нејзината сестра и дека во тој момент се сетила на „Кејт Мос и скалите“.

Временски приказ на врската помеѓу Џони Деп и Кејт Мос

Да потсетиме, во 90-тите Џони Деп и Кејт Мос се забавуваа неколку години и за време на нивната љубовна афера беа меѓу најактуелните парови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФФМ: Цената на билетот за натпреварот Бугарија – Македонија е 600 денари

Следно

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian