Историска одлука во Хрватска: Истополовите двојки може да посвојуваат деца

3 mins read

Истополовите двојки во Хрватска ќе можат заедно да пристапат кон проценка за посвоители и не смеат да бидат дискриминирани врз основа на својата сексуална ориентација, стои во пресудата на Високиот управен суд на Република Хрватска со која е одбиена жалбата на надлежното Министерство на пресудата на Управниот суд во Загреб од април 2021 година, со која на животните партнери Младен Кожиќ и Иво Шегота требало да им се овозможи пристап до постапката за проценување за посвојување, објавено е денеска на прес конференција во Загреб.

Двете момчиња Кожиќ и Шегота се пријавиле во центарот за социјална грижа пред шест години со желба да станат вдомувачи и посвоители. Нивните барања се уредено примени, но потоа во две постапки се одбивани само затоа што се во животно партнерство. По долга правна битка во 2020 година успешно станаа вдомувачи на две деца.

Првостепениот управен суд минатата година донесе пресуда дека можат да станат и посвоители, а по жалба на Министерството, конечно пресудата на Високиот управен суд ги отстрани сите дилеми.

-Нашата приказна со посвојувањето зашочна во 2016 година кога бевме одбиени од системот зошто сме истополова двојка во животно партнерство. Судската одисеја траеше шест години. Нашите шест години не се ништо наспроти шесте години од животот на децата кои кои уште тогаш можевме да ги посвоиме. Децата кои немале животни шански какви што имавме ние кога растевме. Шест загубени години на тие деца одат на душа на политиката која во име на одбрана на т.н. традиционалните вредности беше подготвена да гази врз правото на семејство за децата кои општеството ги заборавило“, порачуваат Шегота и Кожиќ.

-Последните две години нашето семејство дише и живее со две деца кои ги вдомивме. Нивните искуства во градинка, на училиште, во фудбалот, таеквондо, роденденските прослави со нашите пријатели, патувања, излети, заедничкото подготвување на грана, градинството во нашиот двор, грижата за нашите кучиња и мачиња, незаобиколното читање на приказни за добра ноќ… Сето тоа нема да постои ако не се осмеливме да со бориме со ветерниците. Нашата голема желба е да ги посвоиме децата кои ги вдомиве и за кои дење и ноќе се грижиме во последните две години. Од среќа поради првите петки на училиште или првиот сопствен велосипед до непроспиените ноќу поради температура, од смеење до солзи, живееме заедно и едни на други сме си се на светот. Ако тоа не е семејство, тогаш не знаеме што е тоа семејство, додаваат Иво и Младен.

Според здружението Семејства на виножитото оваа пресуда има далекусежни последици за правата на ЛГБТИ лицата и истополовите бракови во Република Хрватска, бидејќи со неа животните партнери во Хрватска практично се изедначени со правата како и брачните другари. Судот ја одби аргументацијата на Министерството со која истополовите бракови не смеат да пристапат до проценката за посвоители поради целта „заштита на интересот на детето“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неговата ќерка добила награда, па потоа на радио слушал за пукањето во училиштето – кога отишол таму веќе било доцна (ВИДЕО)

Следно

Официјално: Андонова го продолжи договорот со Леванте

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian