ГАЛЕРИЈА | Премиера на „Елвис“ во Кан: Филмот ги собра сите „фаци“ на куп

3 mins read

Најновиот филм на Баз Лурман „Елвис“ беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал. Овој настан привлече големо внимание и голем број познати личности. На црвениот тепих прошетаа актери, музичари, спортски ѕвезди и личности од модниот свет.

Манескин, Кајли Миног, Адријана Лима, Шакира, Левандовски … Ѕирнете во гала премиерата на „Елвис“ во Кан

елвис
Дел од екипата на филмот „Еливс“ / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Покрај режисерот Баз Лурман, присутни беа и Остин Батлер кој го толкува Елвис Присли во филмот, Том Хенкс кој го игра полковникот Паркер, менаџерот на Елвис Присли, како и Присила Присли, сопругата на Елвис, Кајли Миног, Шакира, Адријана Лима, Георгина Родригез, фудбалерот на Баерн Минхен Роберт Левандовски со сопругата Ана, ММА ѕвездата Конор Мек Грегор, Шерон Стоун

Баз Лурман
Баз Лурман и Остин Батлер / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Внимание привлече и групата Манескин, која подоцна ја изведе својата песна која е дел од филмот „Елвис“.

манескин
Манескин / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Ова достигнување ги прикажува музиката и животот на неповторливиот Елвис Присли низ призмата на комплицираната врска со неговиот менаџер, која траела 20 години, од подемот на Присли до врвот на неговата слава. Во срцето на оваа приказна, се разбира, е врската со една од најважните луѓе во животот на Елвис, Присила Присли.

Главните улоги ги толкува младиот актер Остин Батлер како Елвис, додека во улогата на полковникот Паркер е оскаровецот Том Хенкс.

Покрај Хенкс и Батлер, главните улоги ги толкуваат Хелен Томпсон во улога на мајката на Елвис, Ричард Роксбург во улога на таткото на Елвис и Оливија Дејонг во улогата на Присила. Покрај нив, во филмот играат и Лук Брејси како пријателот на Елвис, Џери Шилинг, Наташа Басет како првата девојка на Елвис, Дикси Лок, Дејвид Венам како Хенк Сноу, Келвин Харисон Џуниор како ББ Кинг, Хавиер Семјуел како Скоти Мур и Коди Смит-Мекфи како Џими Роџерс Сноу.

Погледнете дел од ѕвездите кои присуствуваа на премиерата:

шерон стоун
Шерон Стоун / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER
Том Хенкс, Остин Батлер и Баз Лурман/ Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
шакира
Шакира / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
рики мартин
Јиван Јосеф и Рики Мартин / Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo
андријана лима
Андријана Лима / Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo
том хенкс
Том Хенкс / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN
валери кауфман
Валери Кауфман / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
пикси лот
Оливер Чешир и Пикси Лот / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
оливија кулпо
Оливија Кулпо / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
Конор МекГрегор и Ди Девлин / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
Kaia Gerber
Каиа Гербер / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
Кендис Сванипоел
Кендис Сванипоел / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO
роберт левановски
Ана и Роберт Левановски / Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo
волис деј
Волис Деј / Фото: EPA-EFE/Guillaume Horcajuelo

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ и Путин ќе разговараат в недела

Следно

Ковачевски: Одлуката за автокефалност на МПЦ-ОА е од огромно значење за иднината на државата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian