ФОТО | Георгина Родригез пристигна во Кан, месец дена по смртта на синот

1 min read

Манекенката Георгина Родригез за прв пат се појави во јавноста по смртта на новороден син. Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо дојде на филмскиот фестивал во Кан и го освои црвениот тепих.

Пристигнувајќи во хотелот Мартинез во Кан, Георгина носеше црн кожен комбинезон, кој го комбинираше со портокалова чанта Хермес, а на лицето црни очила за сонце.

Потоа Георгина позираше во елегантен сребрен фустан, а покрај фотографиите напиша „Благодарам Кан“.

По трагедијата на парот им требаше малку време за да се опорави, но Георгина се врати на своите обврски и продефилира на црвениот тепих, патем не оставајќи никого рамнодушен.

Бременоста на моделот се следеше будна и парот, како и јавноста очекуваше близнаци, но минатиот месец Роналдо и  Георгина открија дека нивниот син починал при породување и дека нивната ќерка преживеала.

„Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со мала надеж и среќа“, напишаа тие во заедничка изјава.

Подоцна откриле дека девојчето го добило името Бела Есмералда.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Бразил уапсен поранешниот сопственик на Формула 1

Следно

„Слободен печат“: Опозицијата заклучи дека Џафери сторил кривично дело

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian