Американецот Аронсон е новото засилување за Лидс

1 min read

Лидс кој успеа во последното коло да обезбеди опстанок во Премиер лигата, веќе ги насочува погледите кон следната натпреварувачка сезона.

Денеска од клубот од „Еланд роуд“ ја информираше јавноста дека нов играч на екипата е Бренден Аронсон, првото засилување за следната сезона.

Американскиот играч за врска во нападот досега ги бранеше боите на австрискиот Салцбург за кој минатата сезона запиша 10 асистенции и шест голови во 41 настап во сите натпреварувања.

Со клубот успеа да ги освои по двапати австриската Бундеслигата и националниот Куп на таа земја.

Аронсон потпиша договор на пет години за Лидс до 2027. Пред да се пресели во Австрија беше дел од Филаделфија Унион.

Топ 5 најскапи засилувања во историјата на Лидс –

1. Родриго (Валенсија) 27 милиони фунти
2. Даниел Џејмс (Манчестер јунајтед) 26,2 милиони фунти
3. Бренден Аронсон (Салцбург) 25 милиони фунти
4. Рио Фердинанд (Вест Хем) 23,4 милиони фунти
5. Диего Љоренте (Реал Сосиедад) 18 милиони фунти

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Путин се заканува со кризата со храна, ќе ја решел само под ОВОЈ УСЛОВ

Следно

Кевин Спејси се соочува со обвиненија за сексуално злоставување на тројца мажи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian