Зеленски сака разговор само со Путин, без посредници

1 min read

– Украина ќе се бори сè дури не ја врати целата своја територија, истакна денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на украински јазик, на настанот на Фондацијата „Виктор Пинчук“ во Давос.

Тој тврди оти е подготвен за разговори, доколку Русија се повлече во областите, каде што беше пред да почне војната во февруари. Но, тој ќе разговара само со рускиот претседател Владимир Путин.

– Може да разговарам само со претседателот директно, без посредници, нагласи Зеленски.

Според него, Русија не преговара сериозно.

Украинскиот претседател беше дигитално поврзан во дискусијата на годишниот состанок на Светскиот економски форум во Швајцарија.

kurir.mk

Претходно

„Бегај бе таму, Хеј Сус!“: Транспаренти во Собранието против Талат Џафери

Следно

Четиринаесетгодишник осомничен за разбојништво во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian