Заврши 2022 година за Ибрахимовиќ на фудбалски план

1 min read

Италијанскиот фудбалски шампион Милан објави дека неговиот искусен напаѓач Златан Ибрахимовиќ (40) во Лион бил подложен на артроскопска операција на левото колено.

Од Милано додаваат дека операцијата била планирана подолго време за да се реши нестабилноста поради претходна операција на предните вкрстени лигаменти.

Се проценува дека закрепнувањето ќе трае меѓу седум и осум месеци.

Швеѓанецот во освојувањето на титулата во Италија учествуваше со 23 настапи и осум гола во „црно-црвениот“ дрес оваа сезона.

Ибра годинава имаше доста проблеми со повредите, поради што беше стартер на само два меча годинава.

И пред освојувањето на Скудетото доста се шпекулираше околу неговата кариера, има уште еден месец од важечкиот договор со „росонерите“, па останува да се види дали ќе потпише нов договор или ќе оди во пензија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Продолжува чистењето на кејот на реката Вардар

Следно

Украинскиот режисер Сергеј Лозница: Откажувањето на руските уметници е гротескно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian