ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло, попладне врнежливо

1 min read

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне, претежно во источните делови, ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 33 степени.

Во следните денови ќе продолжи сончевото и натпросечно топло време. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме со појава на град. Во недела, дневната температура ќе се намали за неколку степени, информираат од УХМР.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Земјотрес вечерва ја стресе Грција

Следно

Дневен хороскоп за 25 мај: Ќе можете да постигнете решение за работите што ве мачат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian