ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Велосипедист на трка во Италија усмрти човек

1 min read

Невидена трагедија во велосипедизмот, на трката „Трофео Кастелфидардо“ во Италија, спортскиот директор на тимот Вирис Вигевано, Стефано Мартолини (41) загина како последица од судар со велосипедист.

Мартолини го гледаше финишот од страната на патот. Во еден момент еден од велосипедистите Никола Венкјарути изгубил контрола над велосипедот и налетал на Мартолини.

Паднал и со главата удрил во тротоарот. Тој починал како последица на повредите и покрај итната медицинска помош.

Венкјарути, 23-годишен велосипедист, исто така беше тешко повреден кога удри со главата во ѕидот околу патеката. Тој со хеликоптер бил префрлен во болница.

Според информациите од ударот Мартолини удрил во земја и според лекарите кои пристигнале на местото на настанот смртта настапила речиси веднаш. Венкјарути е тешко повреден со два скршени задни пршлени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пратениците го изгласаа Голоб за нов премиер на Словенија

Следно

Марс во Овен: Како ќе се влијае на вашиот хороскопски знак?

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian